Search
Close this search box.

„Кодирани пејзажи“ од Наташа Милованчев

„Кодирани пејзажи од Наташа Милованчев

„Кодирани пејзажи – Исток – Запад рециклирано e тематската изложба од 21 дело од Наташа Милованчев што e отворена во галеријата ,,Борко Лазески,, во ЦК,,Марко Цепенков,,. На второто претставување во Прилеп авторката изложува 21 дело во комбинирана техника на хартија. Kaкo проект станува збор за пресек низ визуелните наслојувања во временскиот период од 2012 до 2015, односно за своевидна синтеза на елементите од еден подолг истражувачки процес. Во нив како иконографска, предлошка, авторот го варира присуството на еден мотив, што се јавува како метафора, како сублимирано – функционален, но и поетички знак во, и на просторот.

-UNUS МУНДУС! Светот е еден, Исток и Запад се создадени дихотомии, линија на поделба и ориентација, точка на гледање и многу повеќе позиција за/на ? контрола. Истите се неразделни: мерливо и немерливо, апсолутно и релативно, намерно и случајно, активно и пасивно, црно и бело, тоа се само трансцендентални проекции на истото. Во реалноста околу нас, сликата на светот е отсечена, повторувана и преклопена. Значи, ако ги умножиме механички тие стануваат не-истоветното Исто. Низ динамичните, активни, напластени зони, доминира фрагментацијата, те.размножените секвенци во рамките на една слика. Со механичкото наспроти објектот, ја гледаме јасно механизацијата на предметот и нивната меѓусебна размена. Одбирајќи фрагменти од Истокот и Западот, низ процесот на реконтекстуализација, ги рециклираме истите, сакајќи да бидат повторно Едно – вели авторката, која има дипломирано на Архитектонскиот факултет во Скопје и на ФЛУ, сликарски остек, каде што и магистрирала.

Член на ДЛУМ од 1994 година, а освен сликарство работи и во театарскиот и графичкиот дизајн. Реализирала студиски престој во Cite Internationale des Arts, Париз,Франција, во 1999 и 2005. Добитник е на две национални награди за сликарство и плакат, реализирала бројни изложби во земјата и во странство и работи како вонреден професор на Архитектонскиот факултет при Униврезитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања