Search
Close this search box.

„Недефинирана кодификација “ – изложба на скулптури од Слободан Милошески

„Недефинирана кодификација “ – изложба на скулптури од Слободан Милошески

Во Ликовната галерија отворена е изложбата на скулптури од галериски формат насловена „Недефинирана кодификација“ од авторот Слободан Милошески. (9.10 – 19.10. 2020)

Слободан Милошески критичарите на уметноста го сметаат како еден од најдобрите македонски скулптори, кои спаѓаат во групата уметници што работат во доменот на апстракно минималистичкиот концепт, поради тоа што користи едноставни геометриски форми и индустриско-импровизирани материјали за создавање дела од различити размери.

– Неговата минималистичката скулптура дава импресија на строгост и рационалност која се потпира на однапред спремени постулати и идеи логично артикулирани.Милошески користи геометриски цврсти материи во скулптурата, но крајниот импакт не е тврд или статичен. Всушност, кога ги гледате неговите скулптури од неколку агли тие не одаваат впечаток на совршена поставеност, туку се “потпираат“, “навалуваат“ и “искривуваат“ во неочекувани позиции. Ваквата “конструкција“ на овие скултури има дава човечки аспект и духовна страна. Покрај нив се добива чувство на вибративно движење и тактилност која доаѓа од нагласените прави линии и мрежи во повеќето минималистички дела. Очигледано дека уметникот ја реализирал неговата основна замисла делото да биде “спроводник за духовни работи“ и како целта да му е „скулптурата да биде на работ од соништата“ – вели историчарот на уметност проф. д-р. Џемил Бектовиќ во својата критика по повод оваа изложба.

Слободан Молошески во 2009 година дипломира на ФЛУ во Скопје на вајарски оддел, а магистрира на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторира на Национална уметничка академија во Софија, Р.Бугарија, на катедра „Скулптура“. Досега има реализирано 22 самостојни изложби , а учествувал на повеќе од 70 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на 13 награди и признанија, од кои најзначајни се наградата за скулптура „Јордан Грабул“ доделена од Друштво на ликовни уметници на Македонија во 2012 и 2015 година, како и наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“ исто така доделена од ДЛУМ во 2014год. Во неговата биографија се забележливи реализираните скулптури во јавен простор. Член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментот работи како доцент на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања