Search
Close this search box.

Излoжба на фотографии „Москва денес“

Излoжба на фотографии Москва денес

Во ликовниот салон на ЦК Марко Цепенков е отворена изложбата на фотографии „Москва денес“,(1 март – 6 март 2018) што Центарот ја реализира со Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија.

На отворањето на изложбата ,,Москва денес,, покрај голем број посетители присуствуваа градоначалникот на општина Прилеп Илија Јованоски и амбасадорот на Руската федерација Н. Е. Олег Шчербак.

При тоа амбасадорот Шчербак, отворајќи ја изложбата посочи дека Москва е најголемиот светски град со население од 12 милиони луѓе кој секоја година е посетен од страна на 20 милиони туристи.

-Москва е град што ги спојува најмодерни архитектонски и технолошки решенија, со штедлив и претпазлив однос кон традицијата и културата од минатото. Во Москва се наоѓаат двете највисоки градби. Во Москва има повеќе од 400 музеи, 400 Универзитети и користејќи ја оваа прилика би сакал да нагласам дека Амбасадата на Руската федерација во Р.Македонија, од оваа година почнува да прима студенти – рече амбасадорот Шчербак.

Изложбата, којашто се базира врз основа на официјалните фотоматеријали доставени од Град Москва, го отсликува современиот урбанистички изглед на руската престолнина. На неа се претставени реновирани знаменитости по кои што е позната Москва низ светот, уникатни архитектурни и инфраструктурни проекти изградени во Москва во последните неколку години, како и можностите за развој на туризмот, спортот, образованието и културата што ги нуди еден од најголемите градови на земјата.

Изложбата „Москва Денес“ се реализира во рамки на одбележувањето 24 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија и е проект на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и руската државна агенција Россотрудничество..

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања