Изложба„Piece of Cake“ на Урош Вељковиќ
Изложба од 30 цртежи и неколку инсталации „Piece of Cake“ од Урош Вељковиќ e отворена во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“.
Урош Вељковиќ во своето досегашно творештво го негува апстрактниот експресионизам каде бојата е збир на заробена енергија, која од раката на авторот добива гестикулативна експлозивност и потполна слобода на торжествено зрачење.
Во неговиот најнов проект насловен Piece of Cake повторно претставува едно торжествување (свеченост) – прослава на роденден. Вељковиќ завршил ФЛУ во Скопје. Бил учесник на повеќе колонии и е член на ДЛУМ. Реализирал повеќе самостојни изложби во земјата и во странство, како што учествувал и на групни, а во 2010 година е добитник на нагрдата за сликарство на ДЛУМ „Петар Мазев“.