Search
Close this search box.

ПО СЕДМИ ПАТ ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ „ЈОРДАН ЗАЗОСКИ ЗАЗО“

ПО СЕДМИ ПАТ ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ „ЈОРДАН ЗАЗОСКИ ЗАЗО“

Во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ е отворена изложбата на фотографии „Јордан Зазоски – Зазо“ што ја реализира Фото кино клубот Прилеп. Изложбата е традиционалална поставка која годинава се реализира по седми пат.

На изложбата се изложени над 6о фотографии, дела кои покажуваат во кој правец одат заложбите на клубот во полето на уметничката фотографија во нашиот град, и колкав е напредокот во изминатата година.

Изложбата се одржа спрема протоколите за одржување на културни настани –  во еден момент можеа да ја погледаат до 20 посетители кои носеа маски, а претходно ќе им беше мерена температура и ги дезинфицираа рацете.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања