Search
Close this search box.

Изложба – инсталација “Бос по трње” од Атанас Атанасоски

Изложба – инсталација “Бос по трње” од Атанас Атанасоски

Од петокот 15 август 2014 година па се  се до 29 во галеријата од Центарот е  поставена инсталацијата “Бос по трње” од уметникот Атанас Атанасоски. Се работи за инсталација изработена од вегетација.

Атанас Атанасоски е роден во Прилеп 1961 година. Дипломирал на ФЛУ во Скопје(отсек скулптура) во 1987 година, во класата на професор Стефан Маневски. Завршил постдипломски студии на ФЛУ во Будимпешта, Унгарија, во 1995 година. Член е на “Студиото на млади ликовни уметници во Будимпешта” од 1990 година. Член на ДЛУМ. Работи како асистент истражувач во Институтот за старословенска култура во Прилеп. Самостојни изложби реализирал во Прилеп, Будимпешта – Унгарија, Пиран – Словенија, Линдабрун – Австрија, Скопје, Битола… групни во Унгарија, Мурска субота, Скопје, , во Хрватска, Софија …. Во 1995година е добитник на откупна награда на меѓународната манифестација”Ехтемпоре” во Пиран, и на ДЛУМ “Зимски салон” во 1998 година( наградата за скулптура “Јордан Грабул”)

– “Творештвото на Атанасоски им припаѓа на генерацијата македонски скулптори кои своето творештво го темелат врз искуствата на сопствената традиција, но притоа, перманентно истражувајќи и експериментирајќи на полето на скулптурата, односно изнаоѓањето нови изразни можности кои во голема мерка ќе влијаат врз градењето на неговиот индивидуален ракопис и автентичната ликовна елаборација. Откривајќи ги и експлотирајќи ги напластените културни слоеви на тлото на Македонија, тој гради проекти кои реферираат една жива археолошка и ентографска свест. Експериментирањето и употребата на различни природни материјали (целулозна каша, суви лисја, гранки, трева, земја – црвеница, плева, памук и др.) ги синхронизира со неговите различно структурирани  концепти. Неговите инсталации се тесно поврзна и со еколошката стратегија, и исто така се манифестираат и во неговите, ако може така да се рече, ритуални и рустикално обработени био урбани живеалишта, комлекси, кои ги сместува или во урбани или во пејзажни пространства….” вели  Менка Карапашовска за творештвото на Атанасоски.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања