Изложба на дела од 52 Меѓународна Струмичка ликовна колонија во Прилеп
Во ликовниот салон е отворена изложба на дела од 52 Меѓународна Струмичка ликовна колонија. Љубителите на ликовната уметност имаат можност да проследат дела од 18 автори од повеќе држави -Србија, Бугарија, Полска, Русија, Црна Гора, Македонија… кои учествувале на колонијата. Дел од уметниците кои биле фасцинирани од старата архитектура и тесните улички и сокаци во Струмица создале творби кои се рреални, дел сликале апстрактно, некои асоцијативно, секој со својот дух, секој со своите креации, што е и убавината на уметноста да се биде по различен.
Со оваа 52 колонија се збогати фондот на колонијата со плус 40 дела и сега располага со 2300 дела изработени во повеке сликарски техники, меѓу кои и мозаици, бидејќи 22 години работи и мозаичката работилница, во која досега се создадени 60 мозаици.