Search
Close this search box.

Ретропективна изложба од Васил Костов

Ретропективна изложба од Васил Костов

Ретроспективна изложба од нашиот уметник Васил Косов e отворена во ликовната галерија. Изложбата на Костов, член на ДЛУП и ДЛУМ, значи претстава на еден творечки опус на една личност, зафаќање во сите периоди од раст и развој.

Ја отвори историчарот по уметност Елизабета Деменкоска Цефи, која посочи дека неговите дела веродостојно го отсликуваат животот.

-Моќта на сите негови дела произлегува од скромноста и едноставноста на уметникот, затоа што тие се искрен и чист емотивен набој на платно – рече Дерменкоска.

Костов е добитник на 9 – то Септемвриската награда од 1993 година на Прилеп, како и на други награди за сликарство и сценографија, бидејќи работеше како сценограф во театарот „Војдн Чернодрински,, до своето пензионирање.Тој е и графичар, акварелист, кој реализирал бројни самостојни изложби во земјата и во странство, бил дел од групни, а остварил студиски престои во Париз, Венеција, Москва, Варшава…

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања