Search
Close this search box.

Ретроспективна изложба „Доживување“ Кристина Битракова во Прилеп

Ретроспективна изложба Доживување Кристина Битракова во Прилеп

„Доживување“ е ретроспективната изложба од уметницата Кристина Битракова што е отворена во ликовната галерија на ЦК„Марко Цепенков“. Битракова се претставува со дела преку кои го пренесува дејствувањето на живиот свет околу нас.

Изложбата ја отвори Елизабета Дерменкоска – Цефи, истрочар по уметност.

Перспективата на овие ликовни дела и графики успешно ја отсликува ретроспективата на она што некогаш, негде, како искуство го доживеал уметникот, како копнеж, спокој, исчекување, како визија, вистина, фантазија. Емоции и состојби денес веќе поминати, среќно заокружени, осозреани и растеретени од стравот пред прашањето ќе биде ли иднината?!,,– рече Дерменкоска.

Циклусот опфаќа форми создадени од душа, кои изгледаат бездушно, но сепак добиле дух поради мојата интервенција вели авторката.

– Тоа разгледување на животното наследство од минатото, а кое се јавува и во иднината, низ една креациска авантура предизвика во мене своевидно осветление на некои појасно откриени духовни слоеви кои како прибежно упориште го креираат културниот код од ова поднебје со неговите творечки животни енергии.Еднаш создадените претстави остануваат и траат додека имам способност одново да ги создавам во нивната трајност. Во постојаниот допир во длабоката и вистинската смисла на творечката намера, ја пронаоѓам суштината на развојниот тек. Во тој однос, секогаш повторно остварувам дела, повторно ги опросторувам – вели уметницата.

Битракова дипломирала на ФЛУ Скопје во класата на проф. Зоран Јакимовски, отсек графика и работи како професор. ЧЛен е на ДЛУМ и досега реализирала смаостојни изложби низ земјата, во Бугарија, Германија, била дел од групни претставувања во Германија, Турција, Бугарија, а учествувала на ликовни колонии и добитник е на повеќе награди, меѓу кои наградата Фениск за значајни достигнувања од областа на уметноста. 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања