Search
Close this search box.

Ретроспективна изложба на Илија Кавкалески

Ретроспективна изложба на Илија Кавкалески
Во галеријата постхумно е поставена изложбата на акварели од уметникот Илија Кавкалески.
Илија Кавкалески (1932 Прилеп – 2015 Скопје ), беше мајстор на акварелот. Уметник кој зад себе остави многу и како творец, но и конзерватор на фрески и икони, бидејќи долги години работеше во Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.

Кавкалески своето образование го стекнал на Академијата за применети уметности во Белград, оддел сликарство во 1957 година. Најпрво работел во прилепскиот Завод и Музеј, за потоа кариерата да ја продолжи во Скопје во Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата. Неколку години бил доцент на ФЛУ по насоките конзервација и реставрација.
– Илија Кавкалески беше сликар кој неуморно твореше. Често знаеше да рече дека акварелите се убавина и дека никогаш не го заборавил родниот град, и дека постојано го слика… Во неговите дела доминираше прилепскиот пејзаж, оти Прилеп за него зрачеше, имаше магична дарба, но и топлина што постојано го предизвикуваше да твори – вели новинарот Каролина Мицевска.
Прилеп му се оддолжи пред две години со доделувањето на признанието ,, Плакета Трети ноември,, за особен придонес во развојот на културата, особено ликовната уметност.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања