Search
Close this search box.

Уметниците по повод Осми март

Уметниците по повод Осми март

Под мотото, ,,Уметниците по повод Осми март,, ЦК,,Марко Цепенков,,  ја реализираше манифестацијата  Брзо сликање, на која по повод  меѓународниот ден на жената сликаа уметниците – членки на Друштвото на ликовни уметници од Прилеп – Бети Макеска, Емилија Ѓорѓиоска – Димоска, Вера Николоска, Наде Тоскоска, Ангелка Башеска, Марија Ѓорѓиоска, Лепа Милошеска и Александра Ацеска.

ЦК ,,Марко Цепенков,, четврта година го одбележува Осми март на креативен начин.

– Задоволни сме што имаме можност на инвентивен начин да го одбележиме празникот – рекоа  годинашните учеснички.

Делата создадени на манифестацијата ќе бидат изложени на изложба.

Инаку, Центарот на 22 март ќе организира аукција на уметнички дела, а собраните средства ќе бидат донирани за обновата на манастирот Трескавец.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања