Search
Close this search box.

Видео проект на Гоце Наневски во Прилеп

Видео проект на Гоце Наневски во Прилеп
„Анатомија на векот“ е видео проектот од уметникот Гоце Наневски што се реализираше на 7 септември во кино Мис Стон.
Најновиот проект „ Анатомија на векот“ на Гоце Наневски е видеотрилогија.Трите индивидуални видеа имаат концепциско-документаторски карактер. Аспектот на интервјуто е клучниот двигател во модулирањето на овие посебни тематски микронаративи. Изборот на вистинските говорници го надополнува сижето и му дава звучност и слоевитост на експликативниот контекст. Наневски во оваа трилогија е социјално-политички ангажиран. Неговиот јазик не е буквален и директен, не е априорна реакција и критика на актуелното секојдневие, туку преку малите суштествени наративи со многу генерална конотација укажува на мошне клучни деформации на општествената свест, кои ги дефинираат ликот и опачината на претставникот на едно трансформирачко општество без видлив расплет.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања