Search
Close this search box.

“WO-MAN” – изложба на Христина Зафировска

“WO-MAN”  – изложба на Христина Зафировска

“WO-MAN” е тематската изложба на академската уметница Христина -Зафировска, што е отворена во ликовниот салон.(28.11. -12.12.2014). Проектот  на Зафировска нуди една лична критика на сѐ повулгарната експлоатација на жената во маркетинг-индустријата.

– Револтот на авторката произлегува од медиумските претстави за предвидената квазифункција на жената во општеството кои вршат еден вид секојдневна инфотортура и свесно наметнуваат норми за изглед и однесување. Наспроти сите декларативно добиени законски права што ги изедначуваат жените и мажите, сѐ понаметнато се случува манипулативно изместување на претставите за цивилизациските достигнувања, вредности, карактеристики што се позитивен пример на полова/родова еднаквост и  за жал, во современите рекламни кампањи  речиси без исклучок, функцијата на жената се дефинира како синоним за репродукција и сексуалност – вели кураторката на проектот Маја Чанкуловска-Михајловска.

Авторката има дипломирано ФЛУ во Скопје. Моментално е магистрант на Факултетот за Дизајн и Мултимедија во Скопје-насока графички дизајн. Работи во полето на сликарството, графичкиот дизајн, инсталацијата, цртежот, фотографијата и видеото. Активно учествува на локални и регионални проекти и погранични соработки од областа на културата.  Дел е од многубројни фестивали, работилници, групни претставувања на Балканот, во Европа.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања