Search
Close this search box.

Актер

Дипломира акерска игра во 2006 година на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Кирил Ристески и асс. Зоја Бузалковска.  Од 2007 година е редовно вработен во театарот Војдан Чернодрински каде има одиграно во повеќе од 50 премиери. Има соработувано со многу режисери, но најголемо искуство има добиено од соработките со Владимир Милчин, Слободан Унковски, Бранко Ставрев и Владо Цветановски. Има остварено улоги во сите 5 претстави на Мартин Кочовски и со кои има гостувано и добиено колективни награди на многу домашни и интернационални фестивали. Меѓу улогите кои ги има толкувано се Маркусво Клетници р. Мартин Кочовски и Дебелиот во Хроника на еден сон р. Ивана Ангеловска. Исто така има остварено улоги во домашни ТВ серии (Итар ПејоПреспавТврдокорни) и  одиграно епизодна улога во филмот на режисерот Столе Попов До Балчак