Search
Close this search box.

Пензиониран Актер

Почнува да работи како аматер во 1972 година, а од 1982 е редовно вработен како професионален актер во театарот Војдан Чернодрински. Со своето скоро пет децениско присуство на прилепската театарска сцена има реализирано преку 150 улоги од кои повеќе од 60 носечки и значајни остварувања. Има работено со голем број на домашни и странски режисери од кои ги издвојува улогите на Цанде во “Солунски патрдии” во режија на Коле Ангеловски, Кречински во“Свадбата на Кречински” р. Стојан Стојаноски, Мурк во “Тапани во ноќта” и Аздак во “Кавкаски круг со креда” р. Мартин Кочовски, Таткото во “Антица” р. Бранко Брезовац, Бред Шнајдер во “Добриот војник Швејк” р. Мартин Кочовски каде за епизодна улога ја добива наградата ДИМЧЕ ТРАЈКОВСКИ на МТФ Војдан Чернодрински во  2014 година. Има остварено бројни филмски и ТВ улоги во Народни приказни, Македонски народни приказни, “Бог да ги убие шпионите”, Солунски патрдии итн.