Search
Close this search box.

Актер

Од 2008 година игра на сцената на театарот Војдан Чернодрински како актер-аматер, за во 2014 да дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски актери во класата на проф. Зоја Бузалковска и асс. Александар Степанулески. Од 2014 година е вработена во театарот Војдан Чернодрински каде има остварено многу улоги меѓу кои Змејовата невеста р. Нела Витошевиќ, Во сенката на ветрот р. Југослав Кочовски, Хроника на еден сон р. Ивана Ангеловска, Арапска ноќ р. Зоја Бузалковска, Клетници р. Мартин Кочовски, “Figurae Veneris Historiae” р. Наташа Поплавска. Во 2018 почнува да го организира Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“ во Прилеп. Ги има освоено наградите за главна женска улога за улогата на Фантин во “Клетници” р. Мартин Кочовски на МТФ Војдан Чернодрински во 2017 годинаи награда за споредна женска улога, за улогата на Госпоѓицата во “Figurae Veneris Historiae” р. Наташа Поплавска на фестивалот на Актерот, во Никшиќ Црна Гора во 2018 година.