Search
Close this search box.

Во 2005 година се стекнува со диплома за Драмски Актер завршувајќи на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф.Владимир Милчин и асс.Сузана Киранџиска. По дипломирањето игра на сцените на Македонскиот народен театар и Драмскиот театар во Скопје, соработувајќи со режисерите Томи Јанежиќ, Слободан Унковски, Златко Славенски, Дејан Пројковски и Јован Ристовски, а од 2008 година почнува да работи во театарот Војдан Чернодрински во Прилеп каде има остварено бројни улоги меѓу кои “Тапани во Ноќта” р.Мартин Кочовски, “Госпоѓица Јулија” р.Кирил Петрески, “Крпен Живот”, р. Владо Цветановски, “Калигула”, р.Зоја Бузалковска, “Обѕрни се во гнев”, р. Кристина Димитрова, “Figurae Veneris Historiae”, р.Наташа Поплавска, “Глембаеви”, р. Бранко Брезовац. Има остварено филмски улоги во “Бал Кан Кан”, р. Дарко Митревски, “Боли ли? Првата Балканска догма” р.Анета Лешниковска, “Втора Шанса”, р. Марија Џиџева, “Дедо и Внук”, р. Илија Пиперковски како и во ТВ серија за деца “Зоки Поки”, р.Александар Поповски, Марија Апчевска, Даријан Пејовски, Радован Петровиќ во 2019 година. Во 2014 година ја добива наградата за споредна женска улога на Фестивалот на Актерот во Никшиќ, Црна Гора за Алтана во “Буре Барут” во режија на Наташа Поплавска