Search
Close this search box.

Актер

Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Владо Цветановски и асс. Мими Таневска во 2007 година, а се вработува во театарот Војдан Чернодрински во Прилеп во 2008 година. Има остварено повеќе од 25 филмски и ТВ улоги во домашни продукции меѓу кои се издвојуваат улогите во целовечерните филмови на Илија во Втора шанса р. Марија Џиџева, Ноа во Жената што си ги избриша солзите р. Теона Митевска, Симон во Мајки р. Милчо Манчевски. Има остварено значајни улоги во матичниот театар и во други продукции меѓу кои се издвојуваат Казимир во „Казимир и Каролина“ р. Нела Витошевиќ, Борис во „Буре Барут“ р. Наташа Поплавска, Антон во „Таму, каде што не сум бил р. Зоја Бузалковска и Џими во „Обѕени се во гнев“ р. Кристина Димитрова за која ја има освоено Н.Е.Т.А. за современ сценски израз на фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица во 2016 година и на истиот фестивал Н.Е.Т.А. за оригинална интерпретација на музика и актерска изведба во претставата „Буре барут“ во 2014 година.