Search
Close this search box.

Актер

Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Владимир Милчин во 1997 година, а во 2005 година специјализира режија во Националната Академија за Театарска и Филмска уметност НАТФИЗ во Софија, Бугарија во класата на проф. Крикор Азарјан. Како актер има учествувано во преку 40 театарски претстави на матичната сцена и во неколку продукции како гостин во различни театри во Македонија. На сцената на театарот Војдан Чернодрински ги поставува претставите Оркестар ТитаН од Христо Бојчев, Дневникот на Лудиот од Гогољ, Јас од Илија Димоски, Шаторо од Петар Петрески, “Delirium tremens” од Благоја Ристески- Платнар. Добитник е на бројни награди меѓу кои се Гранд при на Лица без маски и Гранд при на ДАФ Кочани за Приказна за војникот од Шерл Ф. Рами, Најдобра претстава и Најдобра машка улога на интернационалниот фестивал АЛБА МОНО во Корча Албанија за претставата Delirium tremensОд 2003 го регистрира Здружението на граѓани  Театарска Работилница и работи на повеќе детски, младински и аматерски претстави и проекти.