Илија Волчески
Роден 08.02.1994 во Прилеп. На сцената во прилепскиот театар прв пат згазнува во
2000 г. со претставата „Оливер Твист“. Како талентиран актер се запишува на факултетот
за драмски уметности во Скопје со недозавршено средно гимназиско образование за
потоа паралелно да студира и да матурира. Диплимира 2015 г. во класата на проф. Мими
Таневска. Има одиграно триесетина претстави во прилепскиот театар. Гостува и во
битолскиот театар. Има снимено околу 10 филмови (краткометражни и долгометражни)
во Македонија и надвор од неа, за во 2025 г. да ја добие првата главна филмска улога во
игран филм. Учесник на повеќе театарски и филмски фестивали во Македонија и надвор
од неа. Илија исто така е и музичар и спортист. Наградуван повеќепати индивидуално и
колективно на натпревари и фестивали од областа на театарот, филмот, спортот и
музиката. Соработувал со големи театарски и филмски имиња како Теона Стругар
Митевска, Милчо Манчевски, Марко Ѓоковиќ, Игор Иванов- Изи, Слободан Унковски,
Владимир Милчин, Мартин Кочовски, Станислав Томиќ и тн.