Search
Close this search box.

драматург

Дипломира на катедрата по Драматургија во класата на професор Русомир Богдановски во 2011 година на ФДУ во Скопје, а магистрира на катедрата по Драматургија во класата на професор Ненад Прокиќ во 2019 на ФДУ во Белград. Има работено на неколку проекти кака филмски и телевизиски сценарист  (Бумеранг продукција , Хоризонт продукција, Навигаторс ПР, Квазар Филм, New moment video house, Македонска Национална Телевизија). Од школската 2018/2019 година е демонстратор на ФДУ во Скопје по предметот Драматургија водена од професорката Маја Стевановиќ. Вработена е како Драматург во театарот “Војдан Чернодрински” од 2015 година. Има соработувано со многу режисери меѓу кои се Слободан Унковски, Коле Ангеловски, Љубиша Ристиќ, Горан Головко, Љупчо Ѓоргиевски, Милош Б. Андоновски, Нела Витошевиќ. Нејзиниот драмски текст “Хроника на еден сон” во режија на Ивана Ангеловска е премиерно изведен во театарот “Војдан Чернодрински” во 2017 година. Од 2013 година е ко-основач на Здружението за граѓани КОЛЕКТИВ ВЕТЕРНИЦА и редовен професор по танцов театар за деца и млади во чии рамки има создадено 17 претстави од деца за деца и учествувано на 16от Интернационален симпозиум на театарски критичари на СТЕРИЈНО ПОЗОРЈЕ 2018, Нови Сад, Србија .