Search
Close this search box.

Актер

Дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Владимир Милчин во 2005 година на отсекот драмски актери. Во театарот е вработена од 2006 година и од тогаш има соработувано со многу режисери и има остварено околу 40 улоги на матичната сцена меѓу кои во Крпен живот р. Владо Цветановски, Кавкаски круг со креда р. Мартин Кочовски, Ајнштајновите соништа р. Слободан Унковски,Змејовата невеста р. Нела Витошевиќ итн. Во 2005 година на 25 Интернационален фестивал за детски театар во Суботица добива награда за актерско остварување за Шутот во Кралот Кускуле Први р. Коле Ангеловски во продукција на Театарот за деца и младинци Скопје, а 2006 година ја има добиено наградата за млад актер ТРАЈКО ЧОРЕСКИ на МТФ Војдан Чернодрински Сестрата во Роберто Зуко р. Кирил Петрески.