Актер
Првата улога на сцената на театарот ја одигрува на 7 годишна возраст во претставата “Јунаците од бајките пеат” р. Петар Димоски, а потоа како аматер продолжува да игра во многу други младински претстави. Дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Владо Цлетановски и асс. Мими Таневска во 2012 година, а веќе од 2013 година е вработена во театарот Војдан Чернодрински. Меѓу улогите кои ги има остварено се Груша “Кавкаски круг со креда” р. Мартин Кочовски, Елена “Сон на летната ноќ” р. Нела Витошевиќ, Каролина “Казимир и Каролина” р. Нела Витошевиќ, Алисон “Обѕрни се во гнев” р. Кристина Димитрова, Вдовицата “Figurae Veneris historie” р. Наташа Поплавска и Милена “Семејни приказни” р. Милош Б. Андоновски. Во 2015 година е номинирана во весникот ДНЕВНИК за актерка на годината за улогата Евдокија “Буре Барут” р. Наташа Поплавска.