Search
Close this search box.

Режисер

Дипломира на катедрата по театарски режисер на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Слободан Унковски и асс. Златко Славенски со претставата „Фарса за Храбриот Науме“ од Русомир Богдановски на сцената на НТ Војдан Чернодрински Прилеп. Од своето дипломирање работи во театарот Војдан Чернодрински а од  2013 година е редовно вработен како драматург/режисер. На матичната сцена ги има поставено претставите „Уште една за по пат“ од Харолд Пинтер, „На трета мајка“ од Петар Петрески, „Духот…“ според дела на Војдан Чернодрински и Горан Стефановски, „Сатирикон или Големата гозба“ од Петрониј Арбитер (драматизација Русомир Богдановски), „ММЕ кој прв почна“ од Дејан Дуковски (младинска сцена), „Роберто Зуко“ од Бернар-Мари Колтес, „Четвртата сестра“ од Јануш Гловацки, „Малиот принц“ од Антоан де Сент-Егзипери,  „Маратонците го трчаат почесниот круг“ од Душан Ковачевиќ,  „Сонот на Цепенков“ според Марко Цепенков, „Како се станува Цар“ од Афродита Кирјаковска, „Претставата Хамлет во селото Долна Мрдуша“ од Иво Брешан, „Демократија!“ од Јосиф Бродски. На сцената на НТ Трајко Прокопиев Куманово ги поставува „Варијации: Диви пајки“ од Дејвид Мамет и „Не играј на Англичани“ од Владимир Ѓурѓевиќ дедека пак во НТ Григор Прличев Охрид „На дното“ од Максим Горки.