Search
Close this search box.

Режисер

Дипломира на Факултет за драмски уметности во Скопје во 2013 година во класата на Слободан Унковски и Златко Славенски. Од 2015 година е вработена како театарски режисер во театарот Војдан Чернодрински во Прилеп. На матичната сцена ја поставува „Обѕрни се во гнев“ (2016) на Џон Озборн и ги добива наградите: Ристо Шишков – Струмица – Награда за главна машка улога и Награда за колективна актерска игра на фестивалот „Международния фестивал на камерните театри на НЕТА – Враца 2018“. Во 2017 година запишува магистерски студии по театарска режија на чешки јазик, во Janáčkova akademie múzických umění (ЈАМU) во Брно, во класата на Јозеф Ковалчук, Бретислав Рихлик и Марек Хорошчак. Работи како асистент на режија во „Východočeské divadlo Pardubice “ на претставата „Злочинот на Калиб“ во режија на Б. Рихлик. Претставата „Антигона“ на Софокле (2019) ја режира „Buran teatr“ во Брно, Чешка. Во 2019 година работи на претставата „Мурлин Мурло“ на Николај Кољада во „Албански театар“ – Скопје.