Search
Close this search box.

Актер

Почнува да работи во театарот Војдан Чернодрински како актер аматер, а потоа се запишува на студии по актерска игра на НАТФИЗ во Софија Бугарија, а потоа се префрла на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Владо Цветановски и асс. Мими Таневска каде дипломира во 2007 година. Има остварено преку 40 улоги во театарот Војдан Чернодрински каде е редовно ангажирана од 2002 година. Од својата театрографија ги издвојува остварувањата во претставите „Крпен живот“ р. Владо Цветановски, “Тапани во ноќта” р. Мартин Кочовски, “Антица” р. Бранко Брезовац, “Змејовата невеста” р. Нела Витошевиќ, „Буре барут“ р. Наташа Поплавска, „Сон на летната ноќ“ р. Нела Витошевиќ, „Ајнштајновите сништа” р. Слободан Унковски, „Хроника на еден сон“ р. Ивана Ангеловска, „Пиреј“ р. Љупчо Ѓоргиевски и „Клетници“ р. Мартин Кочовски. Во 2018 година ја добива наградата за најдобра женска улога на МТФ Војдан Чернодрински за улогата на Велика во „Пиреј“ р. Љупчо Ѓоргиевски. Од 2018 година го организира Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“ во Прилеп.