Search
Close this search box.

Пензиониран Актер

Во театарот Војдан Чернодрински почнува како аматер, а подоцна се запишува на Факултетот за драмски уметности во Скопје и дипломира во 1984 година во класата на професор Љубиша Георгиевски. Од 1985 е редовно вработен и од тогаш има остварено бројни носечки улоги и значајни остварувања на матичната сцена како и гостувања во други театри во Македонија. Има соработувано со голем број на режисери како и од постарата така и од помладата генерација. Од неговата театрографија ги издвојува остварувањата на Смирноф во Крчма крај патот р. Бранко Ставрев, Живоин во Маките на Живоин р. Ацо Алексов, Раштаков во Пасквелија р. Љубиша Георгиевски, Војводата во Суд р. Стојан Стојаноски. Има гостувано во други театри во Македонија и остварено бројни филмски и ТВ улоги во Народни приказни, Тврдокорни итн.