Search
Close this search box.

режисер

Кочовски еден од најуспешните и најталентираните македонски театарски режисери  кој активно работи како и на домашната така и на балканската театарската сцена од 2001-ва година. Дипломира на НБУ (Нов бугарски универзитет) Софија, Бугарија на тетарска режија во класата на Васкресија Вихарова. Тој е препознатлив на домашната публика по неговите поставки на Бертолт Брехт кои со својата специфичност предизвикаа исклучителен интерес, особено на македонската театарска сцена. Од неговите позначајни претстави може да се издвојат: “Тапани во ноќта” од Брехт за која има добиено Сребрен ловоров венец како и наградата ЈУГОСЛАВ КОРЕНИЌ за најдобар режисер до 30 години на Театарскиот фестивал MESS во Сараево, БиХ во 2008година, како и Награда за најдобра режија и Награда за најдобра претстава во целина на МТФ Војдан Чернодрински во 2009 година; “Кавкаски круг со креда” од Бертолт Брехт со која во 2010 година добива награда за Најдобра претстава во целина на МТФ Војдан Чернодрински, Гран при –  фестивал “Ристо Шишков” Струмица и Награда од публиката за најдобра претстава на фестивалот “Ex Ponto” Љубљана, Словенија во 2011; “Друга страна” од Дејан Дуковски за која има добиено Награда на интернационалното жири за храбро барање на нови форми на режисерот  “Фестивал на малите театарски форми” Враца , Бугарија во 2010, Награда од критика за најдобра претстава, MESS – Сараево БиХ како и Специјална награда “Јоаким фест 09” , Крагуевац, Србија во 2009 година; “Швејк во Втората светска војна” од Бертолт Брехт;  “Баал” од Бертолт Брехт; “Поблиску” од  Патрик Марбер; “За домот се работи” од Горјан Милошевски; Човекот кој не знаеше да каже: НЕ!“ од Горјан Милошевски за која има добиено Специјална награда за режија – фестивал ” Ристо Шишков ” Струмица; “Коските што доаѓаат доцна” од Дервиш Теки со која добива Гран при на Меѓународниот театарски фестивал во Букурешт, Романија  во 2016 година како и Награда за режија – фестивал ” Ристо Шишков ” во Струмица и Најдобра претстава на Република Косово” доделена од Министерство за култура на Република Косово во 2017 година; “Кирил и Методиј, who are you” од  Јордан Плевнеш за која има добиено Гран при –  фестивал ” Ристо Шишков ” во Струмица  и “Клетници” на Виктор Иго по драматизација на Горјан Милошевски за која има добиено награда за Најдобра претстава во целина на МТФ Војдан Чернодрински во 2018 година.