Search
Close this search box.

Дипломира актерска игра во 2009 година и магистрира во 2011 година на Факултетот за драмски уметности ,,Јон  Лука  Караџиале’’ – Букурешт, Романија. Од 2013 година е вработен во театарот Војдан Чернодрински. Има соработувано со бројни режисери во своите професионални ангажмани во Романија и Македонија. Меѓу режисерите со кои има соработувано се Мирчеа Русу, Алксандру Житеа, Џелу Колчаг, Михаи С. Груја, Јован Ристовски, Наташа Поплавска, Нела Витошевиќ, Југослав Кочоски, Мартин Кочовски, Кирил Петрески, Коле Ангеловски и Љупчо Ѓоргиевски. На матичната сцена има остварено бројни улоги меѓу кои Гела во “Буре Барут” р. Наташа Поплавска, Муцка во “Сон на летната ноќ” р. Нела Витошевиќ, Трескот во “Погребални игри” р. Југослав Кочоски, Полковникот во “Клетници” р. Мартин Кочовски, Доксим Тренчоски во “Пиреј” р. Љупчо Ѓоргиевски. Во 2012 година е основач на Театар Крушево.