Search
Close this search box.

Пензиониран Актер

Станува дел од ансамблот на театарот во 1981 година, во кој остварува 130 улоги. Со своето долгогодишно присуство на сцената реализира бројни улоги соработувајќи со режисерите Илија Милчин, Владимир Милчин, Васил Ќортошев, Бранко Ставрев, Бранко Брезовац , Љупчо Ѓоргиевски, Коле Ангеловски, Ацо Алексов итн. Од бројни главни и епизодни улоги кои ги има остварено ги издвојува Куцар “Албена” р. Иван Караџов,  Јасон “Медеја” р. Стојан Стојаноски, Панојот “Железно пиле” р. Љубиша Георгиевски. Од 1986 до 2000 година ја води Младинската аматерска сцена при театарот Војдан Чернодрински каде како режисер има реализирано околу 14 претстави од кои неколку се наградени на ДАФ во Кочани. За 20 години јубилеј од неговото приклучување во ансамблот, во 2001 година ја спрема монодрамата “Сократ”. Во 1988 година ја добива наградата за млад актер ТРАЈКО ЧОРЕСКИ за улогата Тејо Крај во “Клаустрофобична комедија” во режија на Стојан Стојаноски.