Search
Close this search box.

Актер

Почнува да се занимава со актерство уште во средношколските денови играјќи како аматер во младински претстави. Во 2006 година дипломирана Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Кирил Ристески и асс, Зоја Бузалковска. Од 2002 година е хонорарно ангажирана во театарот Војдан Чернодрински, а од 2008 година е редовно вработена. Има остварено околу 40 улоги на матичната сцена и соработувано со бројни тетарски режисери меѓу кои во Магбет р. Коле Ангеловски, Тапани во ноќта р. Мартин Кочовски, Крпен Живот р. Владо Цветановски, Антица р. Бранко Брезовац итн. Има остварено филмски улоги во „Контакт“ – режисер Сергеј Станојковски, „Караула“ – режисер Рајко Грлиќ, „Сенки“ – режисер Милчо Манчевски, „Стапица“ – режисер Аљоша Симјановски, Трето полувреме – Дарко Митревски, Балканот не е мртов – Александар Попоски и Лазар – Светозар Ристоски.