Search
Close this search box.

Пензиониран Актер

Како аматер почнува да работи од 1972, а вработена како професионална актерка од 1982 година во театарот Војдан Чернодрински-Прилеп. На матичната сцена има играно во околу 80 претстави, доминантно во дела од комедиографски жанр. Во 1972 година добива награда за Најдобра женска улога на Републичка аматерска драмска смотра во Битола во претставата “Полноќна кражба” во режија на Блаже Алексоски. Од своите актерски остварувања ги издвојува улогите на Твиги во “Кожа” во режија на Блаже Алексоски, Лепа Фурнаџиката во “Собирен центар” р. Коле Ангеловски, Сарка во “Нажалена фамилија” р. Блаже Алексоски, Љупка во “Оркестар Титаник” р. Игор Трпчески, Маре во “Фани Мани” и “Од кол на кол” р. Коле Ангеловски, како и Фјокла во “Женидба” р. Александар Товстоногов.