Search
Close this search box.

Актер

Во 2007 година се стекнува со диплома за Драмски Актер завршувајќи на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф.Владо Цветановски и асс.Мими Таневска. По своето дипломирањето работи на неколку театарски проекти во Македонскиот народен театар за од 2008 година редовно да се појавува на сцената на театарот Војдан Чернодрински во Прилеп каде од 2009 година е редовно вработен. Има остварено повеќе од 30 улоги од кои “Тапани во Ноќта”, р.Мартин Кочовски, “Tаму каде што не сум бил”, р.Зоја Бузалковска, “Крпен Живот”, р.Владо Цветановски, “Кафкаски круг со креда”, р.Мартин Кочовски, “Антица”, р.Бранко Брезовац, “Tартиф”, р.Кирил Петрески, “Змејовата невеста”, р.Нела Витошевиќ, “Буре барут”, р.Наташа Поплавска, “Сон на летната ноќ”, р.Нела Витошевиќ, “Figurae veneris historiae”, р.Наташа Поплавска, “Казимир и Каролина”, р.Нела Витошевиќ и “Глембаеви”, р.Бранко Брезовац. Во 2018 година ја има добиено Наградата за споредна машка улога за Мајсторот во “Figurae veneris historiae” р. Наташа Поплавска на фестивалот на Актерот во Никшиќ, Црна Гора.