Заврши уште една година – 2022, која за нас како институција беше одлична и на полето на театарската уметност, но и во областа на визуелните уметности, во музичко сценската дејност…
Реализиравме четири премиери – „Мистерија Буфо“, „Круг“, „Дупло дно“, „Декамерон’, 27 изложби, над 20 филмски проекции, над 20 промоции на книги, 15 проекти за поддршка на аматеризмот.
Домаќини бевме на 60 концерти, меѓу кои и Македонската опера и балет со Хорот и балетот ЛаЛаЛа, на оперската дива Славица Петрова Галиќ, на групата Баклава, концертот Мојот роден град со дела од Властимир Николоски и др.
И во наредната 2023 година ќе бидеме со вас,
ќе реализираме бројни настани со кои ќе го задржиме вашето внимание!
Секогаш може и повеќе и подобро!
Среќни празници!