28.02.2026 (сабота) и 01.03.2026 (недела) 20:00 часот
Влезниците, по цена од 300 денари, ќе бидат пуштени во продажба на 20.02.2026 (петок).
Истите ќе можат да се резервираат на телефон 076442378 и да се набават од главната билетарница на НУЦК „Марко Цепенков“ секој работен ден од 11-13 часот и од 18-20 часот, а во сабота од 11-14 часот, како и еден час пред почеток на претставата.
На 28.02.2026 (сабота) и 01.03.2026 (недела), со почеток во 20:00 часот, во организација на НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп, прилепската публика на големата сцена од центарот ќе има одлична можност да ги проследи двете изведби на претставата „БОГ НА КОЛЕЖОТ“ работена според мотиви од драмскиот текст „God of Carnage“ на Јасмина Реза. Адаптацијата на текстот и режијата ги потпишува Весна Петрушевска
Играат:
Ѓорѓи Јолевски Дарја Ризова Благој Веселинов Наталија Теодосиевa актери од актерска школа на Весна Петрушевска
Превод на текстот: Рајна Кошка-Хот
Сценограф: Татјана Христоска
Костимограф: Наталија Терзија
Сценски движења: Кренаре Невзати-Кери
Избор на музика: Весна Петрушевска
Автор на сонг „Пепел и мрак” Игор Џамбазов
Извршни продуценти: Симона Угриновска и Виктор Рубен
НАСИЛСТВОТО Е НАШИОТ БИЗНИС
Ликовите се опседнати со сопственото морално позирање, тврдејќи дека не го поддржуваат насилството, потенцираат на невиноста на детската игра, но и манипулираат со детската наивност која резултира со агресивност.
Лицемерието ги истакнува контрадикторностите во нивните вредности и леснотијата со која луѓето можат да ги напуштат своите принципи кога ќе се соочат со непријатност, родителство и животна одговорност кон нив.
Се поставуваат прашања за непходноста на деца, за да имаат извонредно добар брак, кој пак е затрпан со неброено многу проблеми и неизговорени зборови кои никако да се решат.
Јасмина Реза само навидум нуди минималистичка структура, поставувајќи ги во квадратите на станот. Ова поставување ја засилува тензијата и клаустрофобијата, бидејќи ликовите се повеќе се гушат во сопствената плунка, пот и мирис. Дијалогот е остар, духовит и брз.
Тој е исполнет со хумор што често ги покрива слоевите на анксиозност и предизвикува тригери. Публиката во улога на воајер е вовлечена во овој колеж и се забавува гледајќи ги, но крајната цел на оваа претстава е да се препознае секој еден од нив со горчлива задршка и мачнина во стомакот.
Сведочењето на нивните слабости како и апсурдноста на нивните ситуации ги доведува до детска расправија ,така што нивниот интелектуален капацитет на кој толку многу се гордеат, пропаѓа.
„Богот на колежот“ служи како моќно истражување на човечката природа, откривајќи ги комплексноста на односите и несигурната рамнотежа помеѓу учтивоста и хаосот. Оваа ангажирана структрура на претставата нуди брзо размислување на публиката, потсетник за општествените норми, среќното детство и вистинската сурова комплексност на човечката природа. Излог кој се крши во милион парчиња, наспроти лажниот морал и вечноста на суетата која без грешка сигурно води во пропаст.
Оваа претстава нуди можност да се погледнеме кои сме макар на 90 минути за време кога публиката е учесник во арената.
Времетраење: 90 минути
Останата екипа која работеше на претставата „БОГ НА КОЛЕЖОТ“
Координатор на технички служби: Ивица Урдаревиќ
Инспициент: Александар Рајковски
Суфлер: Зорица Благоевска
Инженер на светло: Даниела Атанасова
Дизајнер на светло: Игор Ѓеоргиев
Тон-мајстор: Ненад Трпеноски
Манипулант на горен и долен погон: Трајче Тасевски
Графички дизајнери на плакат и каталог: Емилија Шуман и Томи Милков
Фотограф: Филип Шутаров
Реквизитер: Павле Кралевски
Гардеробер: Валентина Чонкова
Шминкери и фризери: Моника Вучковиќ и Бранка Пљачковска
Декоратери: Васил Мешковски, Дејан Стамчевски, Неџат Асан, Бурхан Муареми, Мартин Китановски, Ибрахим Рамановски, Нерхан Османовски, Хусеин Халили, Зекирија Алим, Дурмиш Сефер и Синан Ракиповски
Изработка на мебел за сценографија: Шуман Премиум







