Search
Close this search box.

Донација Слики

 

ДОНИРАНИ СЛИКИ ВО ГРАДСКАТА БОЛНИЦА


НУЦК„Марко Цепенков” донира 10 уметнички дела, создадени на манифестацијата „Брзо сликање” во Гинеколошкото одделение во Градската болница. Овој хуман гест на нашата установа со големо задоволство беше прифатен од Градската болница, а делата на десет ликовни уметници веќе го красат Гинеколошкото одделение. Имајќи ја предвид секогаш големата желба за творење на манифесацијата „Брзо сликање” на прилепските ликовни уметници, од страна на директорот на НУЦК„Марко Цепенков”, Тони Чатлески, се најви натамошна активност која како краен резултат ќе донесе ликовни дела, донации на НУЦК„Марко Цепенков” и за во другите болнички одделенија.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања