„Dulcia Sonant“ – прв фестивал на рана музика во Македонија

📍 Кино „Мис Стон“, НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп

🎶 Прилеп добива нов музички фестивал! 🎶 Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп со особена чест го најавува првиот фестивал за рана музика во Македонија – „Dulcia Sonant“, посветен на истражување и оживување на музиката од византиската, средновековната и раноренесансната традиција.

Со овој иницијален фестивал се отвора ново поглавје во музичкиот живот на Прилеп и Македонија кој публиката ја води естетско и духовно патување низ вековите, од мистичните византиски напеви до раскошниот звучен израз на раната ренесанса.

Дводневниот програмски дел на фестивалот е сочинет од два последователни концерти на кои, преку ретки инструменти, древни напеви и извонредни интерпретации, ќе оживее звукот на едно одамна замолчено време.

📅 16 октомври | 20:00 ч. 📍 Кино „Мис Стон“, НУ Центар за култура „Марко Цепенков“, Прилеп ✨ „ПОМЕЃУ КУКУЗЕЛ И ПАЛЕСТРИНА“ Два хора – „Св. Петка“ и „Пелагонитиса“ – под диригентство на Гоце Секулоски, ќе создадат звучен мост меѓу Истокот и Западот, спојувајќи ги византиската духовност и ренесансната полифонија.

📅 17 октомври | 20:00 ч. 📍 Кино „Мис Стон“, НУ Центар за култура „Марко Цепенков“, Прилеп ✨ „СРЕДНОВЕКОВНИ ЕХА“

Редок музички дијалог помеѓу човечкиот глас и древниот инструмент – портативна оргула од 14 век, со која ќе настапи Кристина Алис Раурик (Cristina Alís Raurich) од Шпанија, музичар и истражувач, која прва во светот направи реконструкција на портативна оргула од 13 век. Со неа настапува Ана Митоска (Македонија) – глас, во програма што нè носи низ звучните пејзажи на средновековната Иберија.

🔹 Влезот е слободен.

🔹 Ве покануваме да бидете дел од ова исклучително музичко доживување.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости

Бидете секогаш во тек со новите случувања