Search
Close this search box.

Изложба на дела од Струмичката ликовна колонија

Изложба на дела од Струмичката ликовна колонија

Во ликовната галерија отворена е изложба на дела од 54 -та Меѓународна Струмичка ликовна колонија, што ја организира ЦК од Струмица.(30.3.- 12.4.2018)

На увид пред љубителите на уметноста се 25 дела создадени на оваа реномирана меѓународна Струмичка ликовна колонија на која лани учествувале 17 домашни и седум странски автори.

Изложбата ја отоври Викторија Димеска, историчар по уметност, која потенцираше дека „Разновидноста на изразот и техниките со кои што се изразуваат и креираат уметниците зборува за нивната силна творечка индивидуалност ослободена од оковите на стандардните норми. Геометризацијата, апстрактниот експресионизам се само дел од стиловите кои се присутни во богатата експозиција на ликовната колонија. Додека, пак пејзажот, градската архитектура, мртвата природа претставуваат вечни мотиви на моќта и способноста на уметникот…“

Изложбата во нашиот град е плод на соработката меѓу двата Центри за култура- од Прилеп и од Струмица.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања