Search
Close this search box.

Изложба на Милко Нестороски

Изложба на Милко Нестороски

Изложба на дела од стружанецот Милко Нестороски е отворена во ликовната галерија. ( 2.04.2021 – 16.02.2021).

Уметникот Нестороски, преку делата се обидува да одговори на прашањето која е улогата на уметноста во човечката цивилизација, од каде произлегува потребата од уметност и која е нејзината основна намена или зошто уметност?

– На почетокот од моето творештво како потенцијален уметник, се занимавам со некои вакви прашања чии одговори ги сметам за клучни и како непишани правилa кои треба да се земат во предвид при создавање на секое едно уметничко дело. Овие одговори секој потенцијален автор пред сè треба да ги побара во себе, размислувајќи за своите потреби, желби, чувства, размислувања и сл., и нивната поврзаност со неговиот творечки нагон. Да се запраша кои се најискрените лични причини поради кои тој сака да создава уметност и каква би била таа. Лично во потрагата по овие одговори одлучив да тргнам назад во моето детство, за во тогашниот мој светоглед ги пронајдам корените на сегашните мои творечки тенденции. Така стигнав до делa со кои истовремено како тема се опфатени  прашањето за природата на уметноста и творечкиот нагон, но и карактеристиките на тоа што, таков каков што сум, имам да го понудам при моето изразување преку ликовната уметност – вели авторот.

Милко Нестороски, е дипломиран сликар со модул сценографија на ФЛУ – Скопје во класа на проф. М-р Благоја Маневски. За време на и после студиите учествува на повеќе групни изложби, конкурси, работилници, проекти и перформанси во Струга и Скопје, организатор на првата Треш-арт колонија во државата во склоп на ДРИМ-ОН фестивалот која резултира со јавен перформанс.

Има реализирано самостојни изложби во Струга, Скопје, Кичево… Моментално работи во своето ателје во Струга каде држи и часови по ликовна уметност.

Во последната година соработува со странска уметница Лида Шерафатманд со која е закажана заедничка изложба во CAM Музеј на современа уметност во Наполи и се коавтори на манифест во склоп на изложбата.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања