Извонреден настап на Хорот на Валаамскито манастир од Русија
Хорот на Валаамскиот манастир од Русија одржа извонреден концерт пред преполна сала во Центарот, исполнувајќи староруски црковни песнопенија, најпопуларни руски романси и песни. Не изостанаа ни макеоднските борбени епсни како ,,А бре Македонче,,. Концертот беше во соработка со Амбасадата на Руската федерација во Македонија и Министерството за култура на Р.Македонија, а спонзориран од фирмата ,,Микросам,,.
Ова беше исклучителна и ретка можност да се присуствува на настапот на хорот на Валаамскиот манастир кој е формиран со благослов на игуменот на Валаамскиот манастир епископот Троицки Панкратиј во 2005 година, а со цел да го придружува рускиот Патријарх во свечените богослуженија на островот Валаам кои беа поврзани со крајот на реставрирањето и големото осветување на главната Валаамска светиња – Спасопреображенската соборна црква.
Во состав на хорот се професионални музичари, а диригент е Алексеј Жуков. Свечениот машки хор на Валаамскиот манастир докажа дека е уникатен творечки колектив кој ги спојува богослужбеното пеење и световната концертна дејност.