Search
Close this search box.

Кавкаски круг со креда

 

Нова претстава во театарот

Брехт, Кочовски и Прилепскиот театарски ансамбл

во нов предизвик со нова претстава

 

Новата театарска сезона во јубилејната 60 – година од своето постоење, театарот “Војдан Чернодрински“ ја започна со подготовката на театарската претстава “Кавкаски круг со креда“ од Бертолт Брехт, а во режија на Мартин Кочовски. “Кавкаски круг со креда“ е еден од позначајните текстови на германскиот поет, драматург, режисер и теоретичар на уметноста Бертолт Брехт, во кој се говори за одредени општествени состојби и појави кои и денес се актуелни. По инзвонредниот минатогодишен успех на “Тапани во ноќта“ и на режисерот и на ансамблот во целост, “Кавкасиот круг со креда“ треба да биде уште едно ремек дело на задоволство на широката и високо критична театарска публика. Премиерата е најавена за почетокот на април, а во претствата учествуваат актерите: Андон Јованоски, Виолета Чакарова,Игор Трпчески, Владимир Ѓорѓијоски, Наташа Наумоска, Марија Спиркоска – Илиески, Александар Тодески, Зоран Иваноски, Даниела Стојковска, Димитар Црцороски, Александар Степанулески, Јасмина Мицовска-Станкоска, Милан Секулоски, Димитар Ѓорѓиевски, Никола Настоски и Катерина Чакмакоска. Сценографијата е на Јулијана Војкова – Најман и Филип Јованоски, Костимографијата на Јулијана Војкова – Најман, амузиката за “Кавкаскиот круг со креда“ ја работи групата “Фолтин“

 

 

 

Режисерот Мартин Кочовски за својот уметнички мотив на Брехтовиот “Кавкаски круг со креда“

“Иако е текстот пишуван поодамна, доста е актуелен, особено во овој период кога кај нас преовладуваат национални чуства. Се бара одговор дали припадноста кон земјата ја заслужуваат граѓаните. Дали името,идентитетот припаѓаат на тие што се бореле за слобода и го дале својот живот или на оние кои сега живеат.Ќе се обидеме да направиме политичка, а не политиканска претстава. Низ призмата на уметничкото сакаме да го доловиме политичкото“.

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања