Search
Close this search box.

Концерт на Трио Колегиум

Концерт на Трио Колегиум

Во Центарот извонреден концерт (12.04.2019) одржа Трио Колегиум исполнувајќи дела од Брага, Петалоца, Елгар, Рахмањинов, Чајковски, Шуберт, Гардел и др.
Настапија Александра Коцевска – мецосопран, Менка Богоевска – виолина и Глигор Гелебешев – пијано.
Одлично прозвучија „Поздрав на љубовта“, „Серенада“, „Засакав јас за жал“, „Ла Спанјола„,„“Ел Вито“ ….. за што музичарите добија аплауз од публиката.

ТРИО КОЛЕГИУМ се формирало како спонтана соработка помеѓу тројцата колеги и долгогодишни пријатели во 2017 година. Инаку ова е еден нетипичен состав за класичната музика. Изведува дела од светската музичка литература прилагодени за овој состав, бидејќи во музичката литература постојат многу малку дела напишани за оваков состав.Триото има остварено повеќе концерти во Скопје, Куманово, Неготино, Куклица-Камени кукли…

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања