Search
Close this search box.

Концерт на женскиот младински хор МКЦ Скопје

Концерт на женскиот младински хор МКЦ Скопје

Во изложбениот салон на ЦК„Марко Цепенков“ извонреден концерт одржи Женскиот младински хор – МКЦ Скопје, под диригентската палка на Сашо Татарчевски. Концертот беше во рамките на одбележувањето на 45 години од формирањето на хорот. Хорот исполни дела од Перлуџи, Скаловски, Шуплевски, Прокопиев, Скаловски, Кирил Македонски и др..

Од своето формирање до денес, Женскиотмладински хор изведува разновиден репертоар, а овој ансамбл покажа дека и пеајчите аматери можат да постигнат високо професионални резултати.Освен редовните концерти во Скопје, хорот учествува во разни проекти соработувајќи со други ансамбли и млади композитори. Како резултат на таквата соработка беа издадени две ЦД-а – “Дискреирање на мантра“ и “ФИРОМ реквием“ со снимки од праизведбите на нови композиции од Александар Пејовски.

Во изминатите 45 години хорот освоил многу награди и признанија на домашни и меѓународни натпревари и фестивали, промовирајќи се во вистински културен амбасадор на Република Македонија. Диригентот Сашо Татарчевски има дипломирано и магистрирано на ФМУ Скопје, а посетувал и мајсторски курсеви кај познати диригенти во Њујорк, Рим, Москва, Берлин, Фиренца, Сартеано и Санкт Петерсбург. Во моментов работи како професор по група предмети од областа на диригирањето на ФМУ-Скопје. Освен што е диригент на Женскиот младински хор при МКЦ, тој е и уметнички раководител на професионалниот хор “Про Арс“ и член на неколку жири комисии на интернационални хорски натпревари.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања