Search
Close this search box.

Концерт во чест на Тоше Проевски

Концерт во чест на Тоше Проевски

Во големата сала на ЦК ,,Марко Цепенков,, во петок 10 декември, се одржа првиот традиционален КЛАСИЧЕН КОНЦЕРТ, во чест на ликот и делото на македонската и балканска мега ѕвезда Тоше Проевски. На концертот настапија : Марјан Николоски, тенор Ирена Крстеска, сопран, Теодора Божиноска, мецосопран, пијанист Аљоша Симјаноски, Андреј Наунов, пијанист- корепетитор. Организатори на концертот се ,,АРТ 10 продукција,, и меѓународната фондација ,,Тоше Проевски,, со поддршка на Министерството за култура и општина Прилеп. Во наредните години се планира концертот да биде традиционален со настап на големи ѕвезди и имиња од светската класична сцена, а ќе се одржува и во амфитеатарот, во спомен куќата на Тоше во Крушево.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања