Search
Close this search box.

Кубанска вечер во Прилеп

Кубанска вечер во Прилеп

Синоќа ( 5.9.2018 ) во големата сала од ЦК„Марко Цепенков“ се одржа Кубанска вечер што беше извонреден музички настан. Бендот ЕКОС Фламенко приреди одлично музичко шоу со фламенко игри. Публиката уживаше во исклучително одличниот настап на кубанските танчери, чие гостување во нашиот град беше дел од нивната европска турнеја.
Посетителите имаа можност да се запознаат со кубанскиот идентитет преку музика, гестови, движеа, преку внатрешниот ритам на секој уметник. Преку музиката и танцот, танчерите го прикажа енергичното, но воедно и елегантното присуство на уметноста на фламенкото. Нивната изведба беше на високо техничко ниво, за што на крај публиката – танчерите и музичарите ги награди со аплауз.
Кубанската вечер ја реализираа ЦК „Марко Цепенков“ и Општина Прилеп.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања