Search
Close this search box.

ПРИЛЕП НИЗ СТАРИ ФОТОГРАФИИ

ПРИЛЕП НИЗ СТАРИ ФОТОГРАФИИ

2 декември , во 19 часот, во галеријата од ЦК,, Марко Цепенков,, во Прилеп, се отвори изложба на фотографии на тема,, Прилеп низ стари фотографии,,. Автор на изложбата е историчарот Рубинчо Белчески од Завод и Музеј – Прилеп. На изложбата се претставени 30 фотографии кои се од збирките на Музејот, Архивот на Македонија и Музејот на Македонија. Изложбата ја отвори Роберт Јанкулоски, а е во рамките на соработката меѓу двете културни институции. На фотографиите Прилеп е овековечен од 19 век па се до 60 години на 20 век. Најстарата фотографија датира од 1888 година. Била објавена во книгата,, Макеоднија и Стара Србија,, на историчарот, писател, дипломат и астроном Спиридон Гопчевиќ. Автори на фотографиите биле сите оние кои намерно или ненамерно, нас, но и идните генерации преку,, замрзнатите,, моменти не потсетуваат на убавините не едно време- вели авторот Белчески. На фотографиите се овековечени се објекти, културно историски споменици, манастири, установи, предели…

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања