Search
Close this search box.

Реобмислување: музика, филм и поезија

Plakat FINAL Reobmisluvanje 2022

Реобмислување: музика, филм и поезија

Plakat FINAL Reobmisluvanje 2022

Со музика од Бранислав Николов и Гоце Јованоски и филмска поезија од Дејан Трајкоски, во понеделник (22 август) во Прилеп ќе се одржи првата изведба на проектот „Реобмислување II: филм, музика и поезија“. Место на случување е Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп (Галерија) – од, 20 часот.

Втората изведба ќе се случи следниот ден (23 август) во Дом на култура „Илинден“ Демир Хисар.

Интердисциплинарниот проект во развој подразбира фузија на поезија, филм и музика.

Се работи за песни инспирирани од сцени од повеќе филмови. Поезијата од Трајкоски ќе биде изведувана од Бранислав Николов, со музика создадена од Николов и Јованоски, инспирирана од оригиналните филмски композиции.

Идејата на проектот е реобмислување на едно уметничко дело и создавање ново, во сосема поинаква форма од оригиналното.

Настанот ќе може да се проследи и во живо преку стрим.

Проектот се реализира со поддршка на Министерството за култура, и Домовите на култура во Прилеп и Демих Хисар.

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања