„Ротации“изложба од Кристијан Јованоски во Прилеп
Уметникот Кристијан Јованоски, со тематската изложба „Ротации“се претставува во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“. ( 23.12.2020 – 20.1.2020). На Јованоски ова му е прва самостојна изложба и вели дека „Ротации“ е проект што ги поврзува неколку дела од 2018, 2019 и 2020 година.
– Се работи за инсталација составена од слики, цртежи, и објекти. Цртежот е основата по која почнав да ги гледам, проучувам и осознавам деталите во светот кој го живееме кои за мене се релевантни во креирањето, а со тоа и живеењето. Реалноста со својата динамичност која се манифестира преку верига промени на настани е афирмацијата што го предизвика ова набљудување на едно константно патување. Восприемање на реалноста низ призмата на „тивките сознанија“ потсвесно ја буди постојаната потреба на бришење на мисловните стеги со цел да се допре до флуидноста на едно движење. Еден од сегментите кои ја надополнуваат водечката особина при едно живеење,како што е насочената мислата, така и патот/патувањето и идејата за истото. „Ротациии“ е проширен процес на набљудување, а воедно и заобиколување на сопствените дејствувања, вонвременско и присуство од перспектива на набљудувач. Преку оваа инсталација се обидувам да прикажам проекција на одредени сегменти од едно сведочење, да ги отворам новите облици на толкување на нашиот интуитивен елемент, на свесноста за каузалноста која ја минуваме во временското, минливото – вели уметникот.
Кристијан Јованоски има дипломирано на ФЛУ, оддел сликарствосо Графички дизајн вокласатанапроф. м-р ЖанетаВангели.Од 2020 годиначлен е наДруштвотоналиковнитеуметницинаМакедонија, а досега бил дел од групни изложби и перформанси.