![65459608 2371872502836246 4389603911070121984 n](https://wp.markocepenkov.org/wp-content/uploads/2019/07/65459608_2371872502836246_4389603911070121984_n.jpg)
Ансамблот „Танец“ под мотото „Остани во чекор – со минатото, сегашноста и иднината“.на 4-ти јули 2019 од 20.00 часот ќе настапи на сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Настапот е дел од серијата концерти во рамките на чествувањето на 70 – от јубилеј на ансамблот, кој деновиве со спектакуларен концерт ја прослави годишнината од формирањето.
„Танец“ е формиран со основна цел да го собира, негува и уметнички да го надградува македонското фолклорно богатство и да го претставува во земјата и надвор од нејзините граници.