Search
Close this search box.

Велигденски концерт

veligden

 

Велигденски концерт


НУЦК „Марко Цепенков” во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, организира Велигденски концерт со учество на градскиот црковен хор „ Св. Благовештение” и млади талентирани музичари од музичкото училиште „Ордан Михајлоски Оцка”.


Со пригодна програма, на задоволство на бројната публика градскиот хор „Св. Благовештение” под диригентската палка на Илија Јанчулески ги исполни композициите: „Осана”(С. Смоленски), „О, пресладкиј” (В.Фотеев), „Хвалите Господа” ( Д.Боротњански), „Тебе поем” ( Ст. Мокрањац) и „Многаја лета” (Д.Боротњански).

Музичкото училиште се претстави со : Александра Гическа – виолина /Ј.С.Бах/ проф. Филип Пеоски, Софија Станческа – виолина /Г.Ф.Хендел/ проф. Оливера Гемту, Стефан Здравески – клавир /С.Стојков/ проф. Ролина Д. Тутеска, Бистра Петреска – клавир /Ф.Шопен/ проф. Кире Гаралоски, Александар Цветаноски – хармоника /Ч.Мањанте/ проф. Владимир Андреевски, Елена Петреска – клавир /Ф.Лист/ проф. Игор Николоски и Марија Јанчулеска – виолина /Џ.Б.А/ проф. Весна Станкоска.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања